“24 вести” пишува дека Законот за двојазичноста е камен кој ги вчече преговорите, а ДУИ не сака да брза, Други информации од партијата на Али Ахмети се дефинитивно блокирани. Тие не бегаат од тоа дека ќе се најде решение, но одбиваат да соопштат временска рамка.
Опозицијата е оптимистички настроена. Од партијата на Заев сметаат дека документот што го испратија до ДУИ е гаранција за брзо собирање на потписи за формирање на нов владин кабинет.
Кај прашањата за СЈО, ЕУ и НАТО, СДСМ и ДУИ нашле заеднички јазици, а на маса се и изборните програми на партиите. Се зборува и за поделбата на позициите.
Од СДСМ исто такаа немаат дилеми дека идниот премиер ќе биде лидерот на партијата Зоран Заев. Тука нема никој повеќе дилеми, и отпаѓаат сите шпекулации дека e можно таа позиција да му биде отстапена на некој друг.
И во ВМРО ДПМНЕ исто се изјаснија дека тие за единствен премиерски кандидат од нивна страна го сметаат само Никола Груевски. Тоа тој и лично го соопшти дека тој, и само тој може да биде иден премиер, одговарајќи на шпекулациите дека би било прагматично тој да се тргне од партијата, а на негово место да дојде евентуално Никола Тодоров или Никола Попоски.
Она што исто така е отфрлено во овие преговори се нови избори веднаш, или заедно со локалните избори. Нема шанси за такво нешто исто како што нема теорија за широка влада, велат од СДСМ.
Целиот текст прочитајте го тука