СДСМ: Република нема пријавено никаков проблем во СДСМ за што пишуваат

Во врска со написот во Република за наводен инцидент пред седиштето на СДСМ, соопштуваме дека никој нема пријавено во партијата каков било проблем, ниту пак имаме информација дека пред седиштето на партијата имало медиумски работници кои сакале да снимаат.

Во текот на денешниот ден никој од порталот или весникот Република не искажа интерес за посета на партијата, за изјава или какво било снимање или контакт.

СДСМ е отворена партија којашто отсекогаш се залагала и секогаш ќе се залага за слободен пристап до информации и за целосно почитување на професионалните новинарски стандарди.

Доколку се случил каков било проблем за каков што известува порталот Република најостро го осудуваме. – стои во соопштението од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e