СДСМ: Oд парите за Панорамското тркало, граѓаните на цело Скопје ќе добиеја субвенции за пелети

Прес конференција,
Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ
Скопје, 31.10.2016

Денес е светски ден на градовите. Скопјани можат само да констатираат дека се ограбени за најмалку 670 милиони евра колку што чинеше Скопје 2014 можат да си посакаат следната година одговорни власти кои што ќе се грижат за нивниот живот.

Обединетите нации го прогласија денешниот ден за ден на градовите за да поттикнат одржлив развој на градовите и брз урбан раст со цел да се зголеми вработеноста, да се намали сиромаштијата во прадовите, пристап до домување, до урбани услуги, безбедна и здрава животна средина.

Скопјани, напротив заради Скопје 2014 се задушени во загаден воздух.

За криминалниот проект парковите станаа бетон. Според официјалните статистики во Скопје има двојно помалку зеленило отколку што има просечно по глава на жител во другите европски градови. Да не се исечеа парковите, загадувањето ќе беше помало.

Зградите добија предна шминка од фасади, за што Груевски потроши над 12 милиони евра пари на граѓаните, што можеа да бидат употребени за целосни енергетски ефикасни фасади. Така граѓаните ќе имаа топли домови и ќе трошеа помалку за струја и за греење.

Во овие чудовишни зданија од Скопје 2014-та се заробени 4.446 градиники.

Само во Триумфалната капија се заробени 5-6 гасифицирани града во Македонија.

Само од Панорамското тркало, граѓаните на Скопје од тие пари ќе можеа сите да добијат субвенции за пелети, а не само 200 семејства.

Граѓаните на Скопје имаат право на квалитетен живот, како и сите граѓани на другите европски градови. Ние се обврзуваме дека сите пари од Буџетот на градот ќе ги пренасочиме кон вистинските потреби на граѓаните.

Одговори на новинарски прашања,

Медиуми: Љубчо Георгиевски најави соработка со ВМРО ДПМНЕ, дали ова е негов обид да се врати повторно на чело на партијата?

Манчевски: Тоа е прашање за нив. Ние знеме дека тие настапуваат како опозициска партија, во опозициска коалиција меѓутоа сепак прашањето треба да го поставите до нив. Се работи за друга коалиција која настапува посебно на овие избори.

Медиуми: Во врска со избирачкиот список, пред малку ВМРО ДПМНЕ имаше прес конференција околу бројката која беше посебно посочена од страна на ДИК за 1.780.000 гласачи. Тие тврдат дека паднаа во вода сите оние информации за злоупотребени гласачи?

Манчевски: Прво фантомски гласачи постојат. Тоа го утврди Државната Изборна Комисија, едногласно со тоа што самите утврдија дека над 30.000 имиња на избирачкиот список, фактички не постојат. Доколку постоеа тие луѓе ќе се пријавеа. Над 170.000 наши граѓани со истите анализи којшто едногласно ги усвои ДИК и членовите на ДПМНЕ, се покажа дека овие луѓе живаеат надвор од Македонија. И доаѓаме до она што цело време го збориме дека во Македонија во моментов има едвај над 1.500.000 гласачи во државата. Она што сигурно ќе се случи е дека на овие избори Груевски повеќе нема да може да ги злоупотребува имињата и презимињата, идентитетите, душите на нашите граѓани коишто се иселиле од државата. Нема да може да ги злоупотребува лажните идентитети коишто иако е 10 години на власт не направи ништо се додека ние не го инициравме тоа и не се спроведе овој процес во ДИК за да се реши овој проблем. Така што овие алиби прес конференции се интересни за нив да го прикријат криминалот којшто толку долго време го криеа.

Медиуми: ВМРО ДПМНЕ тврди дека тие ќе победат на изборите?

Манчевски: Знаете како последниве две години се што кажа Груевски и ДПМНЕ испадна, обратно, така што штом тие тоа го викаат сигурно ќе е обратно.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e