СДСМ ветува заштита и грижа од државата за еднородителските семејства и самохраните родители. Во првите 6 месеци од формирањето на новата Влада, велат од СДСМ, законски ќе обезбедат право на флексибилно работно време за самохраните родители.
„Самохраните родители сега се принудени да земаат боледување или ден од одмор ако имаат обврски околу нивните деца, бидејки нема кој да им помогне. Државата ќе им помага. Со флексибилното работно време тие полесно ќе ги планираат своите секојдневни обврски. Покрај ова, еднородителските семејства со плата пониска од просечната ќе ги ослободиме и од јавните давачки како што се такса, јавн превоз, општински комунални давачки. Ќе бидат ослободени од надомест во градинка и основно училиште“, соопштија од оваа партија.
Исто така, за овие семејства, каде едниот родител е починат или е непознат / непризнат, од СДСМ најавија дека ќе промовираат бесплатни сервиси на локално ниво, што ќе им помагаат во секојдневното функционирање.