СДСМ на средба со градоначалниците за досегашните активности од програмите

Претседателите на неколку комисии на СДСМ попладнево одржаа работни состаноци со градоначалници од изборните единици 1, 2 и 6.

На сите нивоа, СДСМ посветено работи согласно новиот систем во интерес на граѓаните. -велат од партијата. На состаноците се разговарало за степенот на реализација на програмите на општините и градоначалниците, соработката меѓу општините, министерствата и централните институции, како и за меѓуопштинската соработка.

Од страна на градоначалниците и претставниците на локалната самоуправа беа презентирани и плановите за идни активности кои се насочени на подобрување на квалитетот на живот, како и унапредување на локалниот економски развој.

Се разговара и за креирање нови решенија и мерки за актуелни прашања.

Активностите на СДСМ на сите нивоа продолжуваат со засилено темпо. Сите капацитети се ставени во функција на креирање мерки и политики кои се во интерес на граѓаните.- порачаа учесниците на состаноците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e