СДСМ: Курир измислува за средба на Заев со Ристовска. Да ја повлече лажната вест, во спротивно ќе следува тужба!

Медиумите на Никола Груевски со ништо не можат да го покријат неговиот неуспех да формира Влада и неговиот огромен страв од определбата на граѓаните за промени и правда во Македонија.

Измислица на Курир е дека претседателот на СДСМ, Зоран Заев, бил наводно на гости кај обвинителката Ленче Ристовска.

Бараме од Курир веднаш да ја повлече лажната вест и да се извини, а тоа да го направат и другите медиуми што ја пренесоа лажната вест, во спротивно ќе поднесеме тужби за клевета.

Претседателот на СДСМ, Заев, како и секој друг граѓанин на Македонија има право на движење, а целосна лага е дека бил на адреса или во населба каде живее обвинителката Ристовска, како што се тврди во лажната вест на Курир, реагираат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e