Бараме Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ веднаш да престанат да го кочат функционирањето на државата, изјави Митко Керов, член на Извршниот одбор на ОО СДСМ Кавадарци.
Илјадници лозари не можат да си ги добијат субвенциите поради криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ во власта, кое што не си ги извршува своите должности.
Можат да се задолжуваат со милиони, да возат мерцедеси од 600.000 евра, а ги оставија лозарите без егзистенција.
Кого лаже министерот за земјоделство Цветков дека требало да се менува законска регулатива?
На лозарите овде им се доцнат субвенции што до сега по закон требаше да им бидат исплатени!
И самопрогласениот лидер на лозарите Љупчо Аризанов наместо да се богати на грбот на лозарите и за тоа да одработува сценарија на ВМРО-ДПМНЕ, тој треба веднаш да се заложи луѓето да си ги добијат парите!
Бараме веднаш да се овозможи мирен трансфер на власта. Македонија да ја добие новата реформска Влада којашто ќе се грижи за вистинските потреби на сите граѓани. Само тоа е решението за излез од оваа ситуација што ја загрозува егзистенцијата на луѓето во државата, додаде Керов.