СДСМ ја објави платформата за пријавување корупција – се вика МИЦКО

СДСМ денеска ја презентираше најавуваната дигитална алатка за пријавување и објавување случаи на корупција.

„Антикорупцискиот тим на СДСМ ја претставува новата дигитална платформа за борба против корупцијата и криминалот.Македонски Истражувачки Центар за Корупција и Организиран Криминал или скратено М.И.Ц.К.О“ стои во информацијата од Бихаќка.

Од партијата ги повикуваат граѓаните да пријавуваат случаи на корупција на следниот линк

„Платформата е посветена на истражување и архивирање јавно достапни материјали и извештаи за наводни корупциски операции во Македонија. Ние ги собираме, анализираме, организираме сите информации од различни извори како би обезбедиле транспарентност и информираност на граѓаните, на јавноста. Истражуваме случаи. Длабински прегледуваме тендери, медиумски објави или случаи на корупција, вклучително и проверени судири на интерес и останати сомнителни операции во политиката, јавниот сектор, локалните и државните институции.

Ги архивираме податоците, креираме регистар на наводни случаи со наведени извори, датуми и релевантни детали, овозможувајќи лесен пристап и пребарување. Промовираме транспарентност: Делиме анализи и известувања како граѓаните но и новинарите, експертите, невладините организации можат да дадат придонес. На платформата против корупцијата веќе се објавени досегашните бомби на АКТ“ изјави денеска партискиот генерален секретар Александар Димитријевиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e