Додека се чека реакцијата на ДУИ за писмениот предлог за коалиција на СДСМ, од опозициската партија неофицијално велат дека очекуваат тешки преговори. Од СДСМ додаваат дека крилото во ДУИ кое е за коалиција со ВМРО – ДПМНЕ е силно па очекуваат уште предизвици во процесот.
Она што е сигурно велат од партијата е дека нема никаква согласносткај опозициските партии и меѓународната заедница за нови избори, без разлика кој ги сака. И да има избори додаваат тие би требало да бидат спроведени од пржинската влада, и сега тоа е нереално сценарио. Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Груевски пак во вчерашното интервју навести дека неговата партија е подготвена за опозиција.
„Ние сме подготвени да одиме како опозиција и ќе направиме се да не се прифатат штетните барања за Македонја кои ќе го нарушат мирот и стабилноста“ – изјави Никола Груевски.
Со реакција на интервјуто се јави и СДСМ од каде велат дека Политичките процеси во Македонија повеќе не зависат од Никола Груевски и од криминалните структури што 10 години ја влечат Македонија кон дното, а на На Македонија и е неопходна нова стабилна реформска Влада. Потенцираат и дека преговорите се водат во рамките на Уставот.
Коалицискиот партнер на Груевски, Стевче Јакимовски во интервју за Радио Слободна Европа пак вели дека ако СДСМ формира влада, кризата ќе се продлабочи
„Дококу СДСМ формира влада, тоа значи дека нема да биде испочитувана волјата на граѓаните, сметам дека ќе имаме сериозни проблеми, во Македонија нема да биде разрешена кризата, ќе се продлабочува ако се има в предвид дека лидерот на СДСМ е обезбеден со посебни истражни мерки во корупциски скандали“ – изјави Стевче Јакимовски.
Oткако лидерот на СДСМ Заев го праша Ахмети дали барале писмен предлог од ВМРО – ДПМНЕ за преговорите како што бараат сега од нив, Груевски во интервјуто кажа дека тие од ДУИ не добиле такво барање, и дека нивните преговори се воделе со подсетници но без пишани договори.