СДСМ: Груевски се заплетка во сопствената мрежа!

Појавувањето на претседателот Заев и не појавувањето на Никола Груевски на денешното главно рочиште за монтираниот случај Пуч покажува само едно. Груевски се крие. Лажел.

Обвинетиот Никола Груевски може да им диктира колку сака соопштенија на ВМРО-ДПМНЕ и на раководството на Основниот суд Скопје 1, за да го оправдаат неговото отсуство на судењето против Зоран Заев што се води на негово барање.

Фактите се чисти.

Никола Груевски не се појави на суд да ги брани измислиците со коишто обвинуваше за наводен пуч!

Судијката Љубица Башевска спротивно на Законот за кривична постапка не му доставила покана!

Според член 348 од Законот за кривична постапка, судијката Башевска била должна на главната расправа да ги повика и обвинетиот и оштетениот и сведоците. На рочиштето е повикан и присутен само Зоран Заев, а не е повикан Никола Груевски кој е наводно оштетен. Груевски е воедно и сведок!

Очаен е обидот за одбрана дека некој од поротниците наводно “се разболел“. Законот предвидува и замена на поротници.

Никола Груевски се заплетка во сопствената мрежа. За се што им стори на граѓаните ќе мора одговори, а потоа и да понесе одговорност. – реагираат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e