Го осудуваме симнувањето државното знаме на Р.Македонија од јарбол во центарот на Куманово.
Повикуваме граѓаните да не потпаѓаат под провокации коишто имаат за цел поттикнување меѓуетнички тензии, од кого и да доаѓаат, за какви било интереси и да се“, стои во соопштението на СДСМ.
„Сите вакви инциденти одат во прилог на насилните политики на Никола Груевски и на тесното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, кои во подгревањето меѓуетнички тензии и помеѓу припадници на иста етничка група гледаат обид за спас од одговорност за направените криминали.
Во таа насока се и лажните вести на медиумите под контрола на Никола Груевски, кои го користат овој изолиран инцидент за лаги и нови провокации.
Тие се единствено предмет на Никола Груевски кој преку поделби и форсирање бинационална држава, бара начин да избегне одговорност за направените злодела врз граѓаните, дури и по цена на штета на стабилноста и мирот на граѓаните.
Македонија ќе добие нова реформска Влада и ќе биде правна држава, а сите кои работеле спротивно на законот, ќе одговараат. Тоа Никола Груевски и кој и да е друг, со ништо не може да го спречи“, стои во соопштението на СДСМ.