ВМРО-ДПМНЕ е симбол на партизација и злоупотреба на државните институции, симбол за богатење преку непотизам и судир на интереси во јавните и државни прептријатија. – велат од СДСМ.
Привилегии, партизација, непотизам, не се и нема да бидат вредност на СДСМ.
Започната е постапка на анализа на вработувања на лица блиски до функциуониери, а истрага отвори и новиот состав на Државната комисија за спречување на корупција.
Во меѓувреме, веќе се преземаа морални чекори и повлекување од работни позиции поради морални причини, без разлика што процесот на вработување бил транспарентен и законски.
Тоа за ВМРО-ДПМНЕ беше и се уште е непозната категорија.
Дали Христијан Мицкоски ќе си поднесе отказ поради тоа што од толку многу професори тој бил асистент токму кај неговиот татко?
Дали ќе дадат отказ и оние 625 лица во РЕК Битола вработени во 2012 година, сите преку партиски списоци на ВМРО-ДПМНЕ?
Ако ВМРО-ДПМНЕ е навистина загрижена за јавната администрација, нека побара од своите сопартијци да ги повлечат своите роднини од позициите кои им ги обезбедиле за време на нивното 11 годишно расипничко владеење.
