СДСМ: 612.000 граѓани, без разлика на нивната различност, гласаа за промени и живот, наспроти режим

Македонија оди напред. Демократските процеси се незапирливи.

Ја разбираме фрустрацијата на отфрленост на Никола Груевски и на криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, но порачуваме дека тоа не смее и нема да влијае на развојот на Македонија во слободна, модерна држава, со независни граѓани и институции и евро-атлантски перспективи.

Луѓето знаат дека на изборите СДСМ излезе во коалиција со политички субјекти но и со граѓани, за што се доказ пратеничките листи на кои за прв пат во политичата историја на Македонија се најдоа граѓани индивидуалци и претставници на сите етнички заедници.

Граѓаните го поддржаа тој концепт на отвореност и заедништво и во огромно мнозиство од 612.000 граѓани, без разлика на нивната различност, гласаа за промени и живот, наспроти режим и исто, интеграција, заедништво и соработка наместо изолација, поделби и омраза.

На таквите кредибилни избори победи граѓанска Република Македонија и тоа е иднината. Назад нема, реагираат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e