СДММ Штип: Захариев да објасни зошто штипските училишта се без греење

Прес конференција, ЛК на СДММ Штип
Никола Рилак, претседател на ЛК на СДММ Штип
Штип, 02.02.2017 год

Почитувани,

Да не ги интересираа само криминали и профити градоначаникот Илчо Захариев и ВМРО-ДПМНЕ во Штип, ќе имаше пари за греење на учениците кои се смрзнуваат во училиштата по распустот.

Почетокот на второто полугодие, учениците и професорите го дочекаа во студени училници – без греење.

Учениците се принудени да носат јакни, шалови и ракавици за време на часовите. Еве погледнете ги овие фотографии што го покажуваат тоа.

Според информациите што ги споделуваат родители, дури и праќаат греалки од дома за децата да не го минуваат денот во студено.

Греењето во училиштата е минимум услов за нормална настава!

Бараме објаснување од Захариев, дали парите наменети за нафта за греење во образовните установи се пренаменети и за што?

Порачуваме дека за сите злоупотреби на пари и штети врз учениците и граѓаните ќе има одговорност.

Штипјани, како и сите граѓани на Македонија заслужуваат и ќе добијат реконструирани, модернизирани и целосно опремени училишта, учениците современи услови за учење, а наставниците достоинствени услови за работа како што доликува на една европска држава во 21-иот век.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e