Треба да се преземат чекори за да се запре заминувањето на најдобрите кадри од јавното здравство што придонесува за постојан пад во квалитетот на услугите што ги добиваат граѓаните, порача во среда од Битола носителот на Левица во ИЕ 5, Здравко Савески.
Според него, неопходно е да се ограничат цените на здравствените услуги во приватните здравствени институции каде за исти работи се плаќа и по десет пати поскапо отколку во јавното здравство.
„Тоа ги принудува граѓаните дури и да земаат кредити и да осиромашуваат за да добијат услуга што би требало да биде сосема достапна во една социјална држава“, рече Савески.