Претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли кој е во дводневна посета на Скопје, денеска се обрати пред народните избраните во македонското собрание по што имаше заедничка прес конференција со претседателот на Собранието Талат Џафери.
-Не постои историско „не“, туку само мала пречка на вашиот пат кон ЕУ. Не смееме да застанеме, сите ние заеднички треба да се заложиме за да овој прпоцес започне и заврши што е можно побрзо. Моја порака до младите е да не се откажуваат. Европскиот парламент е со вас. – порача Сасоли пред пратениците.
Тој рече дека во ЕУ не било кажано „не“ туку било кажано дека се пролонгираат разговорите за датум за преговори со С. Македонија.
-Нашата сила се состои во тоа што сите европски институции се единствени во ставот за започнување во овој пристапен процес за Скопје. Мора да продолжиме со процесот на реформи и во С. Македонија и во Албанија. – рече Сасоли на заедничката прес конференција со Џафери.
СПретседателот на ЕП Сасоли рече дека во идина со приклучиувањето на земјите од Западен Балкан подобро ќе биде дефиниран просторот на ЕУ.
Сасоли му порача на Џафери дека имаме пат кој треба заеднички да се изоди.
-Наскоро ќе имаме други прилики да се видиме за да ги надминеме забелешките кои беа дадени од ЕУ и за, уште еднаш ќе повторам, заедно да ја напишеме нашата идина. – заклучи Сас
Сасоли ќе се сретне и со координаторите на пратенички групи и претставници од други политички партии.
Претходно вчера претседателот на ЕП имаше средба со претседателот на Владата, Зоран Заев, и со претседателот Стево Пендаровски.
Фото: Борче Поповски