Самка Ибраимовски: Не коалицираме со ВМРО-ДПМНЕ, се уште сме во коалиција со СДСМ

По вчерашните информации во дел од медиумите, дека Самка Ибраимовски од ПЦЕР ја напушти коалицијата на СДСМ и ќе бара место во коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Ибраимовски деманатира.

Тој напиша:

„Почитувани граѓани,
Јас, Самка Ибраимоски – претседател на Партијата за Целосна Еманципација на Ромите сакам јасно и децидно да демантирам до провладините медиуми за шпекулациите дека ќе ја напуштам коалицијата со СДСМ. Такво нешто ниту се случило, ниту ќе се случи.

Одговорно тврдам дека ПЦЕР како најдобро организирана ромска политичка партија е цел на напади од страна на владеачките ромски партии (на Амди Бајрам поддржан од неговиот шеф Груевски) за наша дискредитација. Немам намера да коалицирам со криминалците од ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е битка против Амди, Груевски, режимот и криминалот. Досега покажавме како се бориме, ќе продолжиме и понатаму со нашиот коалиционен партнер СДСМ. На 11 декември, заедно ќе победиме. Ќе победи правдата, животот, слободата. Ќе победиме ние-граѓаните на Македонија. Заедно до крај!“

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e