Синоќешното апсење на екс директорот на македонската полиција Митко Чaвков е главна тема во медиумите од регионот.
Чавков е обвинет за настаните за 27. април во 2017 година во Собранието, а приведен е поради опасност од бегство кон Будимпешта каде избега и екс премиерот Груевски.
Некои медиуми пренесуваа дека решението за притвор следело откако пријател кажал Чавков дека има вила на Халкидики.
-По добиени оперативни сознанија и поради страв дека обвинетиот ќе избега и ќе се крие за да избегне кривична одговорност Обвинителството побата од судот да му определи притвор, велат од ОЈО.
Пресудата во судскиот процес за насилниот упад во парламентот, во кој 17 лица се обвинети за загрозу вање на уставниот поредок, би требало да биде објавена во петок, а на Чавков му се заканува казна од најмалку 10 години затвор ако биде осуден.
Чавков веќе беше во притвор поради истиот случај популарано наречен 27 април и крвав четврток, но беше пуштен да се брани од слобода со кауција платена со имот.
