САД: Со задоволство очекуваме да почнеме соработка со новата влада

Соединетите американски држави ја поздравуваат одлуката на претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов да го даде мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Одлуката за предавање на мандатот претставува важен чекор напред кон македонската демократија и за граѓаните на Македонија.

„Со задоволство очекуваме да почнеме со соработка со новата влада и да се справуваме со мноштвото предизвици со кои се соочува Македонија, вклучувајќи ги и новите демократски реформи и целосната имплементација на Договорот од Пржино. САД останува пријател и партнер на Македонија и ќе продолжиме да ја подржуваме Македонија на патот кон европската и евроатланската иднина“, пишува во соопштението на амбасадата на САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e