Mакедонија до следната пролет ќе стане 30 членка на НАТО. Ова во изјава за ТВ 21 го вели поранешниот амбасадорот на Македонија во Алијансата, Нано Ружин, кој има големи очекувања за брзо решавање на македонско-грчкиот спор.
„Се очекува и натаму да продолжи да не кажам притисок, меѓутоа договарање, на релација, Атина-Брисел-Вашингтон-Скопје. Во тој контекст очекувам позитивна разрешница“- изјави Ружин.
Ружин смета дека очекувано е што грчката страна останува на добро познатите ставови, но вели дека и тие ќе направат отстапувања, бидејќи поставување црвени линии не претставува дипломатија.