Русковска: Парите од „Рекет“ лично сметам дека се потрошени

На прашањето за став за последните случувања со запалени возила, меѓу кои и возила на луѓе на високи политички позиции, Вилма Русковска шефицата на Основното обвинителство за гонење на организиран криминал во вечерашното гостување во „Отворено“ на 24Тв рече дека веројатно се праќаат некакви пораки, а какви треба да се истражи.

-Постојат истражни органи кои под раководство на јавен обвинител треба да видат дали има поврзаност меѓу истите тие случаи и причините за тоа. Веројатно се праќа пораки, а какви треба да се истражи. Надлежните служби треба да истражат.  – рече Русковска.

Русковска за случајот Рекет појасни:

-Обиди за спогодба во моментов меѓу обвинетите во Рекет и јавниот обвинител нема. Немаме многу обвинети, а доказниот материјал е обемен. Верувам дека за месец месец и половина би поминала оценката од судиите на обвинителниот акт. Имаме доста материјални докази кои беа презентирани пред  Јанева и пред одбраната за обвинението. – вели Русковска.

Шефицата  рече дека парите од Рекет не се пронајдени и не биле обележани.

Лично сметам дека се потрошени. – рече таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e