Шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска за „А1он“ вели дека нема причина да се сомнева на наодите на Бирото за јавна безбедност за опасноста од бегство на Митко Чавков.
„Нема потреба да се правдаме. Обвинителството постапува по известување од полицијата”, рече Русковска која додава дека немаат причина да се сомневаат во полицијата.
