Обвинителката Вилма Рускоска на денешната прес-конференција за приведувањето на Трајко Велјановски, Миле Јанакиески и Спиро Ристоски за организацијата на насилствата за 27 Април зборуваше и ново барање на екстрадиција на Никола Бошковски од Грција.

-Сметам дека надлежните органи во Грција ќе удоволат на барањето за екстрадиција бидејќи претходното барање за екстрадицијата на Бошковски беше одбиено со образложение дека за тоа дело бил помилувн. За организација на 27 Април не е помилуван – рече Русковска.