РТС: Груевски исклучен од преговорите за нова влада

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ е исклучена од преговорите за нова македонска влада, пренесува Радио-телевизија Србија, додавајќи дека лидерот Никола Груевски предупредува дека секој кој ќе формира коалиција без најсилната партија, може да очекува проблеми.

РТС пренесува дека ВМРО-ДПМНЕ продолжува да инсистира на нови парламентарни избори додека преговорите меѓу СДСМ и најсилната албанска партија, Демократската унија за интеграција, влегуваат во завршна фаза. Според информациите со кои располага телевизијата, се чекало Али Ахмети да донесе конечна одлука за понудата на социјалдемократите.

Без оглед на резултатот од преговорите, јасно е дека во можната нова коалиција нема да има место за претставниците на ВМРО-ДПМНЕ, која најави „проблеми“ ако новата влада не ја формирала „партијата која добила најголема поддршка на изборите“, коментира РТС.

Извори од Демократската партија за инеграција велат дека очекуваат Ахмети да се согласи на коалиција со социјалдемократите, но и дека во партијата постои силно крило кое сè уште се залага за сојуз со Никола Груевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e