Мандатот се доверува на КАНДИДАТОТ на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието. Ќе беше логично, одговорно и уставно Иванов да ги поканеше партиските лидери на консултации за да испита кој има мнозинство или најмногу шанси да создаде мнозинство пратеници пред да го довери мандатот. Но, таа вода помина и државата изгуби еден месец одејќи во место.
Ако Иванов сега, по неуспехот на Груевски да формира влада, повторно го довери мандатот на истата партија, сега на друг кандидат, тогаш би го дерогирал уставниот рок од 20 дена (одредбата едноставно не би имала смисла) и теоретски (и argumentum ad absurdum) би било можно ВМРО – ДПМНЕ да го има мандатот речиси три години без да формира влада (51 пратеник по 20 дена секој).
Конечно, да потсетиме и на член 81 од Уставот, според кој “пред преземањето на должноста, претседателот на Републиката дава свечена изјава пред Собранието со која се обврзува на ПОЧИТУВАЊЕ на Уставот и законите.”
Да бидеме мудри, да не правиме грешки, немаме време за губење.
Фејсбук статус на Никола Димитров