Новиот в.д. претседател на Основниот суд Скопје 1, Стојанче Рибарев, денеска имал средба со специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.
– Денеска Стојанче Рибарев во просториите на овој суд оствари средба со обвинителката Катица Јанева од Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите. На средбата се разговараше за актуелните прашања во врска со соработката на двете институции – стои во соопштението.
Од судот, информираат дека денеска била реализирана и планираната посета од страна на судиите од Апелацискиот суд Скопје, а се одржала и седница на судии на која се разгледувале резултатите од досегашното работење на овој суд.
На седницата, судии на Основниот суд Скопје 1 дале и свои предлози во врска со подготовката на годишниот распоред за работа на судот.