Ременски: И се извинувам на Агенцијата што има неодговорен директор. Денеска ќе поднесам кривични пријави за Спасов и Поповски

Реакцијата е смешна и и се извинувам на Агенцијата за вработување што има неодговорен директор, вака министерката за труд и социјална политика Фросина Ременски, одговара на соопштението од Агенцијата во кое се вели дека таа изнела мноштво дезинформации и непознавања, но и се уапти закана дека ако Ременски не се извини во рок од 48 часа против неа Агенцијата ќе поднесе тужба за навреда и клевета.

Ременски вели дека денеска ќе поднесе кривични пријави против Диме Спасов и Влатко Поповски за злоупотреба на службената должност.

Од Агенцијата објаснуваат дека сите постапки за кои говори Ременски се во рамки на законските процедури, но не кажуваат врз со каква одлука возилата од Агенцијата се дадени на користење на заменик-министерот Спасов, кој ја потпишал таа одлука, дали е во согласност со правилникот и дали за ова постои и соодветна владина одлука.

 Пет дена откако се случи настанот во кој Спасов со службен џип „туарег“ удри во неколку паркирани возила и избега од местото на настанот, од полиција се уште нема информација за тоа дали против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Спред неофицијалните информации, предметот е при крај и се очекува најдоцна до утре да се објави за кои кривични дела ќе се гони Спасов. Не е исклучена можноста одговорност да се бара и од возачот, вработен во Министерството, кој во полиција дал изјава дека го возел службеното возило, иако таа изјава не се совпаѓа со онаа што ја дала сопатничката во возилото, која тврди дека во „туарегот“ биле таа и Спасов.

Спасов, но и директорот Поповски, после настанот воопшто не се појавиле во јавноста.

Извор: Плусинфо

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e