Во СЈО бев повикана во својство на оштетена, односно за прислушуваните разговори. Мојот телефон и телефонот на мојот сопруг биле прислушувани речиси три години со што се направени лична оштета врз нас, изјави Фросина Ременски.
Таа рече дека во прислушуваните разговори се спомнува аферата „Афис“ и нејзиното разрешување од позицијата продекан на Факултетот за безбедност.
Како што предходно напоменавме СЈО има отворено случај во кој има обвинение дека припадници на управата за безбедност и контраразузнавање уништила АФИС систем за следење на комуникациии, за кој систем Ременски уште пред неколку години обвинуваше дека исчезнал под сомнителни околности.
Лидерот на СДСМ и сегашен премиер, Зоран Заев при објавувањето на Вистината за Македонија или т.н Бомби велеше дека биле прислушкувани над 20 000 граѓани.