Регулаторната комисија за енергетика го објави новиот ценовник за нафтените деривати што ќе стапи во сила од ноќеска на полноќ. Според одлуката бензинот супер 98 поскапува за 1 денар и ќе се точи по цена од 67,5 денари, а 95-ката ќе биде поскапа за 1,5 денари и ќе чини 66 денари за литар.
Дизелот поевтинува за половина денар и од полноќ ќе се продава по цена од 60,5 денари по литар.
