Во Собранието на Република Македонија денеска почнува расправата по новиот ребаланс на Буџетот за 2016 година, кој се предлага за да се обезбедат средства за целосно обесштетување на штетите од поплавите од 6 август годинава.
Со ребалансот, по кој почнува расправа во собраниската Комисија за финансирање и буџет, се предлага обезбедување дополнителни 36,4 милиони евра за целосно обесштетување на поплавените.
Ова е втор ребаланс на Буџетот годинава, кој беше направен во јули годинава.
За ребалансот на буџетот денеска треба да се изјасни и Законодавно-правната комисија. Закажена е седница и на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, чии членови треба да расправаат за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Државниот инспекторат за земјоделство, во второ читање.
Извор Либертас