Денес во училиштата се применуваат најсовремени програми и учебници изработени и одобрени од најголемиот светски снабдувач со квалитетни наставни програми и учебници – Меѓународниот центар при универзитетот Кембриџ. Истите редовно се дистрибуираат до учениците на почетокот на секоја учебна година. И учебната 2016/2017 година започна успешно во сите општини и населени места во државата.
Болката на СДСМ е што македонскиот образовен систем оди напред. Затоа секојдневно преку изнесување невистини се обидуваат да ја манипулираат јавноста и да го дискредитираат работењето на Владата предводена од ВМРО – ДПМНЕ во континуираното подигнување на квалитетот на воспитно-образовниот процес и во унапредувањето на образовната инфраструктура. – реагираат од владејачката партија.