За случувањата во УБК попладнево реагираа од американската амбасада. Во соопштение за Алсат, оттаму наведоа дека на Специјалното обвинителство треба да му се овозможи да спроведува длабоки и независни истраги, без доцнења или пречки.
Според оваа амбасада, владините институции и партиите треба да соработуваат во процесот на истраги на СЈО. Според Договорот од Пржино, лоцирањето одговорност за неовластеното прислушување, како и тврдењата за злоупотреба од страна на властите е клучен чекор за ставање крај на кризата и насочување на државата кон членството во НАТО и ЕУ, се вели во реакцијата на американската амбасада.