Реакции по изборот на Силјановска за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ

По вчерашниот избор на универзитетската професорка Гордана Силјановска Давчева за кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори, од партијата Обединети за Македонија реагираа дека со избор на навидум надпартиски кандидат, ВМРО-ДПМНЕ прави обид за повторување на „методот Иванов“.

-Тогашната академската заедница го иницира и се заложи за Иванов, за тој потоа да ја добие, оправда и одработи агендата на ВМРО-ДПМНЕ, односно на ДПМНЕ. Следејќи ги внимателно говорите на кандидатите, видовме дека некои се претставуваат надпартиски, а веќе денес искажуваат култ кон Мицкоски! Други пак, се служеа со фашистички реторики и лажен национализам, трети  бараа дом во ДПМНЕ по поминати бројни партии, а видовме и докажани комунисти, сврзани со Белградско-Московската линија, се вели во соопштението од партијата.

Филип Петровски од Демократската Фракција на ВМРО-ДПМНЕ исто така го критикуваше изборот на Силјановска и напиша „Браќа и сестри искрени ВМРО-вци, вие што сте спиеле по штабови, сте смрзнале на -20, сте се печеле на +40 на протести, сте дежурале, сте оделе по куќи, сто пати ве извисиле за разни работи, како се чувствувате по ваквата инсталација во партијата?“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e