Разликата меѓу #ШаренаРеволувија и овие “Маршеви во одбрана на диктатурата на Грујо“, наводно “За заедничка Македонија”се разликуваат во се’, но основна суштествена разлика е:
Што нашите протести беа самостојна иницијатива на освестени индивидуи – собрани околи заедничка цел, а овој марш е збирштина на луѓе кои се плашат да размислуваат со отворен ум, проблем им е самостојно да донесуваат одлуки, и мораат да припаѓаат на “чопор“ ( да припаѓаат на некаква, било каква организација – црковна, партиска, навијачка, “кољачка“, “плукачка“… ) или уште поточно – тоа е збирштина на луѓе кои се плашат да бидат слободни и сами, бидејки за да бидеш сам и слободен – повлекува “одговорност“ да почнеш да размислуваш, и одлуките за твојот живот да си ги донесуваш сам… Е токму тоа ниво на одговорност и чуство дека си “сам“ е за нив неиздржливо и страшно! Или како што вели Сартр – Тоа се луѓе кои бегаат ( т.е. се плашат ) од тоа да бидат СЛОБОДНИ!!!
– Стравот од слободата кај нив доаѓа од стравот дека веќе нема да се дел од ‘стадото’, ‘чопорот’…. Да си СЛОБОДЕН – повлекува со себе одговорност на самосвесност, а тие се нај исплашени кога се сами, кога немаат добиено директива, кога не дошла СМС порака од Штабот како да се организираат, кога не им кажал Миленко, Професорката или Бурекот како и што да мислат… во тие моменти се нај исплашени!
Бранко Тричковски