Непознат разбојник нападнал и ограбил шеесет и едногодишна жена од Штип.
Нападот се случил во вторникот вечерта околу 19.15 часот на улица „Сутјеска“. Крадецот ја удрил жената со рака во пределот на левото рамо, се обидел да и ја одземе чантата од рака, но кога не успеал ја фатил за вратот и насилно и го одзел златното синџирче, по што побегнал од местото на настанот.
СВР Штип презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
За поврзани вести продолжете надолу