Рангелова: Свесно напуштив затоа што не ги поддржувам политиките на ВМРО ДПМНЕ

Даниела Рангелова во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 вчеравечер рече дека не се согласува со политиките на ВМРО-ДПМНЕ и со тоа не очекува да биде дел од кандидатите за пратеници.

-Јас сум во ВМРО ДПМНЕ. Со самото мое давање на оставка од политички функции, свесно напуштив затоа што не ги поддржувам политиките. Нечесно би било да не ги почитувам политиките а да очекувам да се најдам на листа на ВМРО ДПМНЕ. Нормално е ако не ги почитувам политиките да кажам терајте ако ви е во ред политиката, дај Боже да победите, сепак тоа е мојата матична партија.  Мислам дека ВМРО ДПМНЕ ако сака да победи мора да се сконцентира на програмата, да има чесен пристап спрема граѓаните и да заборави на задулисните игри. Има случаи кога како политичка партија немаме ставови за одредени прашања. – рече Рангелова.

Рангелова коментирајќи ја изјавата на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев рече дека со таа изјава тој докажал дека во ВМРО-ДПМНЕ немало внатрешна демократија во партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e