Рама: Митот за платформата е креиран во Скопје од политички причини

Во интервјуто за Политико Рама ја брани платформата на албанските партии и вели дека тој само ја олеснил средбата на албанските партии од Македонија и воопшто не се мешал во внатрешните работи.
“Митот дека албанските партии следат платформа напишана во Тирана беше креиран во Скопје од политички причини. Тоа е лага, мит со лош вкус креиран од политиката. нападите врз платфромата се опасни бидејќи тоа е политика која разгорува поделби а не заедништво…. Тоа е последна работа што и е потребна на Македонија, последна работа што ни е на сите потребна – разгорување на меѓуетнички конфликт бидејќи овие работи тешко се контролираат”, вели Рама за “Политико”.
За албанскиот премиер Албанците од Македонија имаат “целосно право да бараат еднаквост со нивните македондски браќа” а платформата бара права и слободи кои се запишани во Охридскиот договор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e