Нова градинка со капацитет да згрижи 120 деца од предучилишна возраст беше отворена денеска во населбата Радишани, во општина Бутел. Градинката е со површина од 500 метри квадратни, има пет занимални за пет групи за згрижување деца, секоја од занималните е со сопствени тоалети, а има и медицинска соба за првично згрижување болни деца.
Инвестицијата е во износ од околу 11 милиони денари.