Првите луѓе на МПМ, Керим и Станисављева, недостапни за СЈО

Некогашните први луѓе во „Медија принт Македонија“, Срѓан Керим и Јана Станисављева, два месеца се недостапни за специјалното јавно обвинителство, потврдија од таму за „Макфакс“. Според информациите на порталот, на двајцата трагата им се губи од почетокот на октомври, односно набргу по нивниот распит во просториите на обвинителството. Според истите извори, Керим и Станисављева ја напуштиле Македонија на почетокот на октомври годинава, односно набргу по нивниот првичен распит во специјалното јавно обвинителство. Оттаму засега не побарале мерки со кои би го обезбедиле нивното присуство.

Макфакс“ дознава дека Срѓан Керим преку скопскиот аеродром заминал кон Виена, а неколку дена подоцна со авион заминал за Дизелдорф. Во Виена беше канцеларијата на Керим во времето кога тој директоруваше со групацијата ВАЦ за Југоисточна Европа. Тоа беше и местото каде што неофицијално требаше да биде испорачано шишето со 750 илјади евра, со кое беше фатен неговиот личен возач.

И Јана Станисављева, која беше на распит во СЈО, а на јавноста ѝ стана позната по тоа што од МПМ примала месечна плата од 1,4 милион денари според менаџерскиот договор, според нашите сознанија, е надвор од државата. Според нашите извори, таа во два дена двапати ја напуштила државата. По второто излегување, повеќе не се вратила.

Повеќе на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e