Пропагандата ескалира со ширење на опасни и сензитивни верски теми – дека ќе се гради џамија во Аеродром

По објавите во некои медиуми (Инфомакс и Нетпрес) дека во скопското село Лисиче се поставуваат темели за изградба на џамија, од Општина Аеродром реагираа дека веста е лажна.

„Првичната официјална информација дека СДСМ одобрува градба на џамија во овој дел на Скопје, каде што нема мнозинство од граѓани муслимани, излезе на 30-ти август 2018-та година. На улица „Божин Николов“ во Лисиче, зацртано е и заверено да се гради верски објект-џамија“, објави Курир, а потоа веста ја презедоа повеќе портали.

Но, од Општина Аеродром реагираа дека тоа не е точно, дека во Лисиче не се гради ни џамија, ниту некој друг верски објект.

„Не само што не се гради џамија или некој друг верски објект, туку нема ни предвидено изградба на нови верски објекти во деталните урбанистички планови за целата територија на Општина Аеродром.
Исто така, инспекциските служби на Општина Аеродром се константно на терен и спречуваат диви градби на нејзина територија“, стои во реакцијата од Општината.
Бројни се реакциите на јавноста по објавувањето на лажната вест.

„Пропагандата на вмројна ескалира со ширење на опасни и сензитивни верски теми.
Они у ствари не се сигурни ни дали вмровците од село Лисиче ќе ги гласаат, традиционално десничарско гласачко тело, па ги плашат курирци со џамии. Па, вие ако за лисичани не сте сигурни дали ќе ви дадат ,,пас” без џамии, ептен ви гори рејтинг“, констатира Јорданка Ивановска-Јоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e