Тевдовски ја има титулата доктор по економски науки, стекната на Економскиот факултет во Скопје, а четири години претходно магистрирал со просек 10,00 на Економскиот факултет во Белград. Неколку години подоцна заминува на постдокторски студиски престој во истражувачкиот центар CREATES, при Универзитетот во Архус, Данска, во областа на економетријата, пишува Фактор.
Во политиката е долго време, како еден од истурените играчи на СДСМ, а веднаш по седнувањето во министерската фотеља, веројатно ќе нема долго време за прилагодување, бидејќи ако се следат најавите на СДСМ, дека непродуктивните проекти ќе бидат скратени веројатно многу бргу ќе мора да го скрои и ребалансот на буџетот, а уште поверојатно е дека ќе мора да стави потпис и на еврообврзница. Тоа пак значи дека Тевдовски ќе треба многу скоро и да седне на дебата со лица од опозицијата и со експерти, со оглед дека едно од ветувањата на СДСМ беше дека во текот на постапката на носење на буџетот, премиерот и министерот за финансии ќе учествуваат во јавна дебата на МРТ заедно со лица од опозицијата и со експерти.
Иако, можеби не е во негова директна надлежност, но сепак Тевдовски ќе треба да има голема улога и во откривањето на вистинските сопственици на оф-шор компаниите што инвестираат во земјава, со оглед дека една од клучните најави на СДСМ беше и дека во нивниот мандат ќе бидат обелоденети сопствениците на сите оф–шор компании што инвестираат во земјава, на кои пак ќе им се остави простор да го достават целокупниот историјат на фирмите.
Целиот текст на Фактор прочитајте го на следниот линк.