Професорот Блерим Река преку соопштение потврди и ја објави неговата кандидатура за независен претседател на државата.
„Во неможност да им одговорам на сите медиуми и пријатели, преку ова соопштение ја објавувам мојата независна кандидатура за Претседател на Република Северна Македонија, со надеж дека истата ќе биде поддржана.
Има две причини за оваа одлука. Прва – само со кандидати Македонци, без ниту еден Албанец ова мултиетничко општество, ризикува да се претвори во моноетничко општество, а Албанците да станат само гласачи, но не и оние за кои ќе се гласа. Втора – само интелектуалните критики – без политичко соочување, не се доволни за промена на состојбата. Тие, на Фејсбук остануваат само виртуелни, додека животот е реален. И последно – историјата ја испишуваат државниците, додека интелектуалните само пишуваат за историјата“, напиша Река.
