Проектот на Субрата Рој за Љубаништа е мртов

Жителите од Љубаништа можат да здивнат. Проектот на контоверзниот индијаски бизнисмен Субрата Рој, за изградба на луксузен туристички комплекс со хотел на вода и марина, замина во историјата нереалзиран и нема опасност од експропријација на нивните имоти. Од проектот останаа само фотографиите на Субрата со раковдството на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски, Зоран Ставревски и другите кои го ветија прокетот.

„Тој проект е веќе напуштен, зборувам за проектот во Љубаништа“, рече градоначалникот Бакрачески.

„Такви мегаломански проекти со белосветски измамници оваа Влада во заминување не успеа да ги реализира затоа што ќе беа по штета и на населението со насилна експропријација на нивните имоти“, рече Томислав Тунтев, пратеник на СДСМ од Охрид.

Но, незивесна е и судбината на хотелот Славија, објект кој пропаѓа, иако е во центарот на Охрид.

Локалните власти тврдат дека не можат ништо да сторат околу овој хотел, кој требаше да биде репрезентативен објект на Сахара Груп во Македонија.

„Секако дека хотелот Славија е во нивна сопственост и не можам да претпоставам што во овој момент планира компанијата на Субрата Рој да прави со тој хотел“, додава градоначалникот на Охрид, Бакрачески.

„Од друга страна еден хотел кој хранеше десетици фамилии го купија за да го затворат и тие десетици фамилии останаа без средства за егзистенција“, нагласи пратеникот на СДСМ, Тунтев.

Од Сахара Груп пак, две недели не одговорија на прашњата на Алсат-М кои се нивните планови за хотелот Славија.

Извор: Алсат М

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e