Продолжува расколот и несогласувањата во ВМРО – ДПМНЕ

Продолжува несогласувањето во редовите на ВМРО – ДПМНЕ по разочарувачкиот според нив резултат на парламентарните избори од 11 Декември минатата година. Се погласни се активистите и бивши функционери дека актуелното раководство претерало со начинот на кој ја практикува власта. Последен во низата беш екс пратеникот  на ВМРО-ДПМНЕ од Европа од минатиот состав на парламентот, Ристо Манчев.

Тој на Фејбук профилот повика на одговорност поради лошиот исход од изборите во дијаспората.

-Се што градевме за дијаспората на овие избори, наместо со круна го обележуваме со жалење. За таквиот резултат некој треба да ја преземе одговорноста, напиша тој.

Манчев напиша и дека не смее да се дозоли да се води државата као што се водела досега.

-Ние, македонскиот народ,не смееме повеќе да дозволиме нашите политичари да ја водат државата на начин како што ја водеа од 1991 година до денес.

Манчев беше пратеник на ВМРО-ДПМЕ од Изборната единица 7, односно од Европа, со освоени 1465 гласови на изборите во 2014 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e