Собранието на Македонија денеска во 11 часот треба да ја продолжи конститутивната седница.
Ова е 14-то продолжение на конститутивната седница, на која на дневен ред е и избор на претседател на Собранието.
Вчерашното 13-то продолжение помина со иста реторика како и претходните недели. Преовладуваа реплики, контрареплики и процедурални забелешки, а главна тема беше, таканаречената „тиранска платформа“.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ побараа од пратениците на СДСМ да се откажат од платформата, а решението го гледаат во прифаќање на манифестот или нови избори.
Пратениците од СДСМ обвинија дека говорницата се злоупотребува за изнесување лаги. На дневен ред на седницата е точката за избор на претседател и членови на комисијата за избори и именувања.