Приведен возачот на македонскиот автобус, кој се преврте кај Лесковац

Двајца од примените повредени патници од сообраќајната несреќа кај Лесковац ќе имаат операции во болницата во Ниш.
Во оваа болница има 6 патници двајца се потешко повредени и се на машина за дишење, едниот има повреди на главата,а другиот на вратниот ‘рбет.

Министерот за здравство Филипче по посетата во болницата потврди дека по заздравувањето повредените патници.

Во болницата во Лесковац сместени се 8 повредени патници. Возачот на автобусот е приведен во полицијата под сомнение дека ја предизвикал несреќата.

Тој според српските медиуми возел 100 километри на час во услови кога лошото време што во сабота вечер во јужниот дел од Србија беше многу лошо, а патот бил подмрзнат од претходниот леден дожд, што дополнително снегот ја влошил сигурноста на патот.

Во несреќата кога автобусот се излизгал и излетал од патот во близина на Лесковац загинаа тројца патници, а 32-ца патници беа пренесени во болниците во Лесковац и Ниш.

Министерот Филипче најави дека во договор со болниците ќе се организира транспорт за потешко повредените пациенти по стабилизирање на нивните повреди да бидат пренесени во клиниките во Скопје. Филипче им се заблагодари на неговите колеги доктори и на српскиот министер за здравство за дадената брза интервенција за спасување на патниците.

Извор: Канал5

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e