Притвор за убиецот од Охрид, жената ја убил со водоводна цевка и нож

Основното јавно обвинителство му одреди 30-дневен притвор на осомничениот за убиството на жената во Охрид што се случи пред три дена.

Охридската полиција објави детали за убиството на шеесет и седумгодишната Спаса Бојоска и според полициските информации жената била убиена со водоводна цевка.

Триесет и седумгодишниот кумановец Јосип К., кој има стан во Охрид и и бил сосед на убиената, утрото на денот на убиството околу 11 и 45 часот и заѕвонил на соседката.

Со изговор дека сака да го погледне распоредот на станот, разгледувајќи го станот и пришол на жената од зад грб и со водоводната цевка ја удрил неколку пати во пределот на главата и вратот. Жената паднала, а осомничениот продолжил да пребарува по собите, и украл мобилен телефон и паричник со 3.200 денари. Пред да излезе од станот, забележал дека жената е се уште жива, зел кујнски нож и ја избодел на вратот. Го напуштил станот, ја заклучуивајќи ја влезната врата и се упат во казино.

„СВР Охрид во координација со Јавниот обвинител, презеде низа мерки за обезбедување траги и доказен материјал, извршен е криминалистичко-технички увид на местото на настанот, извршени се претреси, анкети со граѓани како и други оперативно тактички мерки“, соопштуваат од СВР Охрид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e