Претседателот на Собранието утре дава исказ пред ОЈО за „Крвавиот четврток“

Претседателот на Собранието Талат Џафери утре ќе се појави во ОЈО да даде исказ за „Крвавиот четврток“.

Џафери е повикан како оштетен од немирите во Собранието бидејќи беше дел од нападнатите пратеници во прес-центарот кога насилниците влегоа во Собранието, веднаш по неговиот избор.

Од Собранието велат дека Претседателот ќе се појави на утрешниот распит бидејќи тоа е обврска што ја има секој граѓанин, а пред законот и Уставот сите се еднакви.

Првиот човек на законодавниот дом во интервјуто за ТВ 24 изјави дека колегите пратеници го заштитиле Претседателот на Собранието за да не добие посериозни повреди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e