Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придруван од членовите на Извршниот одбор на СДСМ, Едмонд Адеми и Тања Ковачев, е во дводневна работна посета на Швајцарија.
Целта на посетата на Заев на Швајцарија е средби со граѓаните од дијаспората од Македонија, во оваа земја.
Вечерва, во Ешалон, во близина на швајцарскиот град Лозана, претседателот на СДСМ има средба со градоначалникот на Ешалон, по што ќе се сретне и со високи претставници и пратеници од Социјалистичката партија на Швајцарија.
За во 20.30 часот, вечерва, беше предвидена Трибина со граѓаните од Македонија кои живеат и работат во Швајцарија.
Утре Заев ја продолжува посетата на Швајцарија со средби со дијаспората во Берн, како и во Локарно, каде што СДСМ веќе има формирано своја партиска организација.
За стартот на посетата на претседателот на СДСМ на Швајцарија и договорените средби, веќе известија медуми во Швајцарија.