Премиерот, Зоран Заев, ја честиташе големата победа на ракометарите на Вардар над ракоментниот гигант Барселона, на полуфиналниот натпревар во Лигата на шампиони што се одржа во Келн, Германија.
„Во име на граѓаните на Македонија изразувам голема благодарност до ракометарите на Вардар за огромниот успех.
Испишавте историја во ракометот и спортот во Македонија!
Сите ние сме горди на вашата тимска игра и спортскиот дух. Македонија е со вас! Среќно на финалето“, е пораката на премиерот Заев до ракометарите на Вардар.